На денешната седница Владата побара од Министерството за информатичко општество и администрација да подготви и за наредната седница да достави протокол и анализа со која ќе се регулира систем на набавка на прехранбени продукти и лекови, од страна на само еден член од семејство/домаќинство.
Владата го задолжи Министерството за здравство да подготви и за наредната седница на достави предлог – уредба со законска сила која правно ќе се нормира прашањето во однос на воведување на задолжителна самоизолација за сите граѓани кои вршат тестирања за КОВИД-19, најмалку до моментот на добивање на резултатот, согласно епидемиолошката анкета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.