Македонија останува последна во регионот во процесот на набавка вакцини против корона вирусот. Иако секојдновно епидемијата зема десетици жртви во земјава, власта не прави ништо за да набави вакцини со кои ќе може да се запре таквото губење животи.
Неспособноста на Заев и Филипче се потврди и со најновото соопштение на Министерството за здарвство во кое се охрабруваат граѓаните коишто можат да закажат вакцинација во Србија да го направат тоа, наместо такво нешто да им биде овбозможено во Македонија.
Во меѓувреме во сите балкански земји во полн ек се процесите на масовна вакцинација на населението.
Премиерот на Албанија, Еди Рама на социјалната мрежа Фејсбук се пофали дека обезбедил 1 милион кинески вакцини, од кои 192.000 дози веќе пристигнаа во Тирана.
Обезбедивме милион вакцини, пола милион треба да пристигнат во наредните дена, а денеска во Тирана пристигнаа 192.000 дози – стои во објавата на Рама.
Истовремено, во Сараево преку програмата Ковакс пристигнаа 24.300 дози вакцини од „Фајзер“.
Првиот контингент вакцини против Ковид-19, нарачан од Босна и Херцеговина (БиХ) преку механизмот Ковакс, денеска пристигна на меѓународниот аеродром во Сараево. Станува збор за 23.400 дози вакцини од „Фајзер“/„Бионтек“, а во текот на денот се планира испорака на 26.400 дози вакцини од „АстраЗенека“, кои ќе пристигнат со авион од Истанбул, околу 20 часот – соопшти Министерството за цивилни работи на БиХ.
По ваквите објави денешниот биланс на набавени вакцини вели дека Албанија доби 192.000 вакцини, а БиХ 55.000. Затоа, пак, на прашањето: „Колку доби Македонија?“, одговорот е НУЛА!
Македонските граѓани уште ќе чекаат во страв за сопственото здравје, затоа што очигледно, македонската Влада не е способна да набави вакцини, оставајќи го народот да умира од корона вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.