Министерството за здравство ја демантира информацијата објавена во вестите на Телевизија 24 која се споделува на социјалните мрежи, каде се тврди дека на Инфективна клиника најголем број од хоспитализираните пацинети биле со примени две дози вакцина.

Информацијата денеска не беше проверена во Министерството за здравство, ниту пак во КИБФС. Министерството за здравство тврди дека на Инфективната клиника во моментов се хоспитализирани 94 пациенти и само околу 10 % се вакцинирани со две дози вакцини и истите се со полесна клиничка слика.
Министерството за здравство стои на располагање на сите медиуми секој ден и апелира сите информации да ги проверуваат и да ја информираат јавноста вистинито и точно. Ваквите погрешни информации ја доведуваат јавноста во заблуда и создаваат страв кај граѓаните во однос на имунизацијата. Процесот на имунизација е многу важен, а медиумите се наш сојузник во борба со ковид пандемијата, сподели министерот за здравство Венко Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.