Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) на пратеникот Самка Ибраимоски, која е дел од владејачката коалиција планира сама да се трка на претседателските избори.

Самка Ибраимоски за „Република“ потврди дека меѓу четворицата кандидати кои доаѓаат од редовите на неговата партија е и тој самиот како и дека партијата ќе има и кандидат од дијаспората.

Самка исто така појасни дека официјално партијата ќе се изјасни на 10 февруари.

Покрај граѓаните Роми, невладините организации, писмени барање за Ромите да излезат со свој кандидат за претседател пристигнале и од иселениците во Франција, Германија, Белгија…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.