Шок и неверување! Република исправена на ѕидот на срамот, а во воздухот лебди кривична пријава! Сите Роми политички репрезенти на етничката заедница ставени на купче, а ние демек го извлековме подебелиот крај. И, ако, едвај чекаме да се сретнеме на суд со Самка Ибраимовски, но прво да ви раскажеме за што станува збор.
Иако до нашата редакција не пристигнала никава писмена рекација во комбинација со закана од Партијата за целосна еманципација на Ромите ПЦЕР, се прочитавме по други портали и „видно се потресовме“. На порталот 24vakti.mk со толкави букви пишува: „ПЦЕР: Реагира на објавата на Миленко Неделковски на порталот Република“.
Партијата за целосна еманципација на Ромите ПЦЕР, реагира на објавата на Миленко Неделковски на порталот Република дека лидерот на ПЦЕР – актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија е ЦИГАН НАД ЦИГАНИТЕ.
Самка Ибраимоски како претседател на партијата ќе преземе мерки согласно Уставот и законите во државата бидејќи јасна е намерата на Миленко Неделковски. Навредите од страна на Неделковски кон Ромите не престануваат.
Овој пат ќе следи кривична пријава како за Неделковски така и за порталот Република поради тоа што порталот најпрво требал да провери за каква вест се работи а потоа да реагира.
Кодексот на новинарите прецизно укажува дека: „Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).
За ова ќе биде известена и Комисијата за заштита од дискриминација, Народниот Правобранител и други соодветни институции.
Говорот на омраза на Неделковски мора да запре.
Кренавме паника. Почнавме да се покажуваме со прст, да го бараме виновникот, кој што и зошто објавил. Но, од Миленко Неделковски и ПЦЕР ни трага ни глас на нашиот сајт. Ни стана полесно, но црвот продолжи да нè копа. Сепак, не е шега, од ПЦЕР ни го цитирале Кодексот на новинарите, па ни се заканиле со Комисијата за заштита од дискриминација и Народниот правобранител, со други соодветни институции, а најстрашно од се „овој пат ќе следи кривична пријава како за Неделковски така и за порталот Република“ – што значи не ни е првпат!
Мораме да нагласиме дека Република.мк ниту имала инту имама ниту пак ќе имама дискриминирачки став и однос кон малциските или маргинализираните заедници. Но, за ова ќе се објасниме со Самка и ПЦЕР подолу.
Сега да се вратиме на Миленко и како ПЦЕР го поврзале со нас.
Отвораме кај Миленко Неделковски на Фејсбук, да не се „огрешил“ тој пред Ромите од ПЦЕР. И, навистина, проблемот на ПЦЕР настанал кога виделе, ама не загледале како што треба на профилот на Миленко Неделковски.
Миленко Неделковски, како и стотици други корисници на Фејсбук, се послужил со принтскрин од насловна фотографија и наслов на вест објавена нашиот портал и искоментирал тоа што сметал дека треба да коментира. Значи, уште еднаш, со толкави букви: НАПРАВИЛ ПРИНТСКРИН ОД НАСЛОВНА ФОТОГРАФИЈА И НАСЛОВ ОД ТЕКСТ ОБЈАВЕН НА НАШИОТ ПОРТАЛ. Можел да го стори истото со принтскрин од друг портал, зашто многу портали ја пренесоа изјавата на Амди Бајрам, но се одлучил за Република. Ирелевантно, но многу е релевантно дека никако, ама баш никако не нè поврзува нас со неговиот коментар. Да се разбереме со прости зборови, Миленко ниту објавувал ниту објавува текстови на нашиот портал. Нема корисничко име ниту може да се најави.
Па во заканувачкиот дух на ПЦЕР, „порталот Република поради тоа што порталот најпрво требал да провери за каква вест се работи а потоа да реагира“, на партијата која декларативно се залага за правата на Ромите ѝ го порачуваме истото: требало прво да проверите за што се работи, а потоа да реагирате.
Пред да преминеме на главното еден бесплатен совет од нас, за да застанете во заштита на Ромите, поднесете кривична пријава против генсекот Драги Рашковски, знаете, оној што ги нарече Италијанците цигани. Не бидете сервилни коалициски партнери, слободно таласајте. Покажете дека се грижите за честа на Ромите, а не се борите за медиумски простор. И да, во право сте, говорот на омраза мора да престане, и време е тоа да му го плеснете на Рашковски в лице. На суд, каде што најаввуате ека ќе се сретнете со нас.
На крајот, Самка, ПЦЕР и сите политички чинители кои со години си ги штитат задниците преку грбот на ромската заедница ќе молчат, зашто ние имаме што да кажеме.
Наместо да се потресува што Собранието не му одобрило 300 евра за авионска карта, нека се симне Самка Ибраимовски, заштитникот на Ромите и правата на Ромите, на крстосниците за да види колку дрогирани Ромчиња не спијат во 22 часот туку просат. Просат и во 2 по полноќ. На плоштадот „Македонија“ начекуваат странци додека дебелите пијани татковци, чичковци и макроа љокаат во некоја темница во близина и ги чекаат со заработувачката. Нека помине кај МРТВ за да види колку издрогирани и претепани Ромки чекаат муштерии за да заработат дневница за макроата и уште една порција ќотек. Нека прошета по сите скопски општини за да види колку Роми од земјата се дојдени во Скопје на „сезонска работа“, па живеат на тревници, под мостови, во услови што се полоши и од мизерни.
Нема никој проблем со Ромите, туку со вас, политички лицемери!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.