Едноставно е, ако сакаш да сработиш нешто за доброто на граѓаните не ти е местото во оваа Влада.
Во мојата 5,6 годишна новинарска кариера, можам да ја одвојам Ана Петровска како нај професионална директорка.
Поради Ана Петровска, денеска веќе не се копа и не се уништува природата во Коњаре.
Да, Ана Петровска допре до многу бизниси кои заработуваат уништувајќи ја природата, и да им нанесе многу штета… Не сакам да верувам, но мислам дека тоа е причината зошто ќе биде разрешена, а не барањето на една тотално небитна политичка фигура, пишува на Фејсбук новинарот на Клан Македонија, Фуркан Салиу.
Извори од партијата Дом брифираат дека смената на Ана Петровска е на барање на претседателката на ДОМ Маја Морачанин поради внатрепартиски конфликти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.