Министерот за здравство Венко Филипче вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека од утре почнува вакцинацијата во пунктовите во здравствените домови, а очекува веќе од другата недела да почне и во салата „Борис Трајковски“, која е во фаза на подготовка.
За утре се повикани постарите граѓани. Вчера кога се отворија термините, беа речиси пополнети. Утре почнува вакцинацијата во пунктовите во здравствените домови. Салата Борис Трајковски очекувам да биде спремна до крајот на неделава, и веќе од следната да почне и таму масовната имунизација. Во меѓувреме ќе стигне голема количина на вакцини во текот на април, и ќе може тој процес на вакцинација кога ќе почне, да не сопре, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.