Граѓаните се бесни на најавата на премиерот Зоран Заев дека новата учебна година ќе почне со физичко присуство на децата и оти се изготвени протоколи кои ќе се следат.

Родителите прашуваат какви протоколи можат да се применуваат  во училница со 35 ученици и оти децата не можат да држат дистанца.

Сакате да ги умрете децата-стои во еден од коментарите.

Друг родител пак тврди дека ова се прави намерно за да се зголеми бројата на заразени.

Други пак сметаат дека мерките се копираат од Србија но оти тоа се прави многу лошо.

 

Само Онлајн за доброто на сите-бара еден од родителите.

Маријана Чуповска пак прашува како е можно лани кога имаше 50-60 заболени да се прогласува карантин а сега со над 1200 да се одобрува присуство.

Крајно неодоворно-смета родителот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.