Новите мерки на Владата што ги обврзуваат граѓаните на Тетово, Куманово и Прилеп да користат маски, се неприфатливи за градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Таа за Алсат изјави дека кризниот штаб, ќе бара од Владата носењето маски да биде задолжително само во затворени простории. Што се однесува до купувањето на маските, Арифи вели дека ќе бараат помош по потреба.
– Ние сме во редовна комуникација со владините власти, ќе ја споменеме оваа загриженост таму и ќе го дадеме нашето објаснување. Барањето ќе биде главно дека мерките за заштита да се однесуваат на затворени простории, додека надвор да биде како и досега. Доколку одлуката остане иста без подобрување, ние ќе бараме да се обезбеди потребната сума за купување за граѓаните – вели Арифи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.