На повикот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во 20 градови се одѕваа голем број граѓани за да испратат порака дека премиерот Зоран Заев нема право да ги менува идентитетот, историјата и јазикот.
Анексот на Договорот со Бугарија е штетен. Никој никогаш не може да одредува идентитет на народ. Никој нема право никому да му го одземе мајчиниот јазик, тој е само мајчин и негов јазик. Никој не може да ја креира историјата на никој народ, бидејќи историјата ја градат народите, а не Заев и Борисов. Никој никому не може да му одреди каков народ е. Ние сме посебен народ, ние сме македонски народ, ние сме народ кој што низ вековите живеел, ја градел својата иднина и го исцртувал минатото, рече Сајкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.