Власта излажа многу работи, меѓу кои оџакот кој требаше да биде изграден на РЕК Битола за кој излажаа, кажуваа дека ќе има реконструкција на РЕК Битола сега велат дека ќе го затворат, во Битола требаше исто да се направи подобра инфраструктура, имаше и ветувања дека ќе се подобрат влезовите на градот, како и дека ќе биде изграден магистралниот град Градско-Прилеп-Битола за европска Битола, но од сето тоа во изминативе четири години не видовме ништо, вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓоргија Сајкоски вечерва на трибина во Битола.
Сајкоски, пред битолчани спомена дека ниту даденото ветување за изградба на Клинички центар во Битола актуелната влада не го реализирала, укажувајќи дека нивната неспособност, негрижа и неработа резултирала со починати 5.600 граѓани или како што рече тој еден град во Македонија помалку.
За Битола, сегашната власт вети и други проекти кои што се однесуваат на здравството, но ние видовме како тие работат во делот на здравствениот сектор бидејќи нивната негрижа доведе ние да имаме еден град помалку во Македонија односно 5.600 луѓе помалку денес и тоа само поради нивната негрижа. Тоа е резултат за нивната неработа, а ветуваа тука дека ќе направат Клинички центар во Битола, вели Сајкоски.
Сајкоски истакна дека ваквото владеење на владата на СДСМ може да се казни на следните локални избори.
Ваквата власт мора и може да се казни само на избори, затоа заеднички вие, ние и сите заедно на следните локални избори ќе донесеме победа и тука во Битола и победа во Македонија, порача тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.