Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со предлог планот на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски за решавање на спорот со Бугарија изјави дека Георгиевски, како коалиционен партнер во Владата, со Зоран Заев заеднички и координирано ги прават овие постапки.

Сајкоски истакнува дека граѓаните на Македонија треба да се запрашаат зошто е направен и објавен овој план од Георгиевски.

Историски гледано со формирањето на соседните држави почнало негирањето на македонскиот народ, па и во тој период – 19 и 20 век, како и денес, соседните држави имаат свои инсталации кои работат против македонскиот народ, а сега и против македонската држава и јазик – потенцираше Сајкоски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.