Холандскиот премиер Марк Руте вели дека мора да се реши проблемот помеѓу Македонија и Бугарија. Тој во изјава за Сител рече дека овој проблем се решава со цел да почнат преговорите.

-Тука сум бидејќи Холандија беше една од земјите кои долго беа против преговори со ЕУ, но многу напредок беше направен во изминатите неколку години и лично сакав да ја пренесам пораката дека сме многу среќни дека на крај ЕУ одлучи да ги започне преговорите. За жал проблемот сега е Бугарија и мора да го решиме. Сепак, за овој проблем се грижиме со цел да почнат преговорите, рече Руте.

Вели дека е претпазлив оптимист за почеток на преговорите во декември.

-Се надевам дека по изборите во Бугарија следната недела и фактот дека моите колеги во ЕУ се на ист став дека овој билатерален проблем помеѓу Бугарија и Македонија не треба да биде пречка на патот за отпочнување на преговорите со Македонија и Албанија. Тоа е навистина заеднички став во рамките на ЕУ, рече Руте.

Холнадскиот премиер вели дека иако е добар пријател со премиерот Заев, без разлика дали во Македонија ќе дојде до промена на власта, Холандија ќе продолжи да соработува со Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.