Вилма Рускоска во интервју за „Призма“ ги демантира шпекулациите дека се подготвува нејзина смена и е децидна дека во моментот не постои таква можност.

Според новиот Закон за јавно обвинителство, не постои опција кој било шеф на обвинителство да се смени поради нестручност и некомпетентност. Сега не постои таква можност. Кривично дело немам направено, барем јас не знам дека сум направила, така што сметам дека и да сакаат да ме сменат, нема можност – вели Рускоска за Призма.

За изјавата на премиерот Зоран Заев дека во неа нема доверба за предметот со Рашковски, таа вели дека нашите политичари уште не може да разберат дека не треба да коментираат постапки што се водат во Обвинителство или во суд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.