Од предметите што се преземени од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), околу 17 се во истрага, а околу 47 во предистрага, рече обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска  вечерва во гостување на ТВ Канал 5.

СЈО, оцени, не го урна никој друг освен Катица Јанева. – СЈО се уште ќе егзистираше ако Јанева се однесуваше онака како што треба. Ништо не е наштетено на случајот Империја. Предметот е даден на вештачање. Вештите лица сега ја ги вештачат доказите. Нема изгледи тој случај да застари. Перењето пари не застарува. Катица одговара затоа што земала пари за пуштање од притвор и после земала и други пари. Не можете да кажете за кого било, ни за Камчев, додека нема правосилна пресуда, дека е криминалец, наведе Русковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.