Основната јавна обвинителка, Вилма Русковска, вчера беше домаќин на претставници на Делегацијата на Европската Унија во земјава, предводена од амбасадорот Дејвид Гир.

Едночасовната средба беше од протоколарен карактер и се одржа во просториите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Како што баведуваат од Јавното обвинителство, амбасадор Гир покажал интерес за функционирањето на обвинителството, неговата кадровска екипираност, како и идните планови во врска со преселувањето во новите простории.

Истакнувајќи го своето задоволство за работењето на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, амбасадорот понудил помош од Европската Унија за уште поефикасно и поефективно работење на ова обвинителство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.