„Исркрено се радувам што обвинетиот Сашо Мијалков реши самиот да се пријави. Нѝ прати порака, преку други луѓе, дека би сакал да се пријави исклучиво во Обвинителството за гонење на организиран криминал”, им изјави вечерва на новинарите главната обвинителка на Обвинителството за гонење на организиран криминал Вилма Русковска.

Таа не одговори на прашањето дали ќе поднесе ново барање за затворски притвор.

Русковска рече дека по пораката што ја испратил Мијалков, таа најнапред се консултирала со јавниот обвинител на Македонија Јовески, дали тој да се пријави тука, во обвинителството, или пак во полиција.

„Јовески рече дека Мијалков може да се пријави и кај нас. Откако Мијалков е дојден па до сега, беше обезбедуван од истражителите на нашиот истражителски центар“, изјави Русковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.