Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, ќе добие пет нови обвинители, иако Вилма Рускоска побарала нови осум обвинители. Според претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски, одлуката за пет обвинители е поради хроничниот проблем со недостиг на кадар ширум државата
Систематизација е направена согласно новиот Закон за јавно обвинителство, кој стапи на сила пред еден месец, според која Обвинителството на Русковска би требало да брои 18 обвинители, вклучително со шефицата. Но, оттаму тврдат дека и ова е мала бројка за потребите на Обвинителството.
Колевски тврди дека состојбата со кадар не е идеална, поради одење во пензија, а во моментов недостасуваат 60 јавни обвинители. Според Колевски некои обвинителства ќе мора да се затворат, како тоа во Тетово, Прилеп Битола и Гевгелија и Свети Николе каде ќе немаат ниту еден јавен обвинител. Нови обвинители се чекаат дури за две години кои согласно законот ќе ги завршат обуките за Академијата. Како едно од решенијата Колевски најави распишување на оглас на почетокот на септември каде што ќе може да се пријавуваат јавни обвинители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.