Oбвинителството презентираше свои материјални докази дека политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ги организираше протестите.

Верувам дека во еден дел се точни изјавите на сведоците дека нигде нема официјален документ дека партијата ги организира протестите,изјави денеска обвинителката Вилма Русковска.

(фото: МИА)

Не може да знам какво влијание ќе има сведочењето на сведоците врз судот.Кога ќе биде објавена пресудата ќе видиме како и во кој правец размислувал судот. На сите сведоци исказите се идетитични и верувам дека нема официјален документ донесен од Извршниот или Централниот комитет на партијата во кој се потврдила нивната вмешаност во организирањето на протестите-истакна Русковска по денешното рочиште.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.