Последното што ми е познато од разговорите со полицијата е дека се врши распит на луѓето околу Мијалков, неговото обезбедување, членовите на семејството, дека се одземени телефони, перонални компјутери и дека ќе бидат дадени на вештачење, рече јавната обвинителка Вилма Русковска во гостувањето во Утрински брифинг.

Според обвинителката Мијалков на граница не може да помине, бидејќи му е одземена патната исправа.

Не сум информирана за други пасоши, бидејќи сите предмети што се против него се од поранешното СЈО, така што за патната исправа на РС Македонија знам, а дали има други патни исправи тоа ќе треба да се прашаат колегите од поранешното СЈО. Знам дека кога беше притворен, а потоа пуштен во куќен притвор Јордан Камчев, него му беа одземни две патни исправи, македонска и бугарска, а дали Сашо Мијалков има уште некоја патна исправа не ми е познато. Ни формално правно Мијалков не би можел да биде пуштен да ја напушти државата. Доколку тоа го направил, а немам сознание дека е така, тогаш тоа го направил нелегално, рече Русковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.