Два дена по апсењето на Катица Јанева, Обвинителството испрати официјално писмо до Советот на обвинители во врска со развојот на случајот „Рекет“.
Вториот човек на Советот, Меџит Јусуфи за Алсат изјави дека информациите испратени до Советот од страна на Обвинителството не биле целосни. Поради тоа, Советот уште еднаш бара од Обвинителството за организиран криминал да достави целосни информации или на седницата на Советот во понеделник самата обвинителка Вилма Рускоска да се појави кај нив за да каже повеќе информации за предметот.
Заменик-претседателот на Советот на обвинители, Меџити вели дека по целосните информации што ќе ги добијат, Советот ќе подготви извештај што ќе биде испратен до Собранието.
По разгледувањето на извештајот на Советот испратен до Комисијата за избори и именувања и со согласност на четирите најголеми партии во Собранието, на пленарна седница со 2/3 од гласовите и Бадентерово мнозинство, треба да се одобри формалниот предлог за разрешување на Јанева. Потоа решението ќе биде вратено во Советот на јавни обвинители за конечна одлука. Катица Јанева на чело на СЈО со четиригодишен мандат, кој истекува следниов месец, беше назначена на 15 септември 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.