По катастрофалниот пожар со 14 жртви што се случи синоќа во Kовид-центарот во Тетовската болница, обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска дала наредба утре Бирото за јавни набавки да ѝ ја достави целокупната документација за јавните набавки за сите 19 изградени модуларни болници во Македонија, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.

Ова е сосема одделна истрага од онаа што го вршат петтемина основни јавни обвинители кои уште вршат увид по синоќешната катастрофа во Тетово, во која до темел изгоре модуларната болница, 14 лица го загубија животот, а 12 беа поведени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.