Обвинителката Вилма Рускоска била чест гостин на спектакуларните прослави што ги органзирал Бојан Јовановски – Боки 13, обвинет во „Рекет“. Рускоска е ВИП гостин на првиот роденден на 1 ТВ во Македонската филхармонија.
Скапите прослави што ги органзираше Боки 13 како споственик на 1ТВ, како што самиот се претставува, беа причина многумина од поодамна да се сомневаат во начинот на финансирање на медиумот. Таквите индиции сепак не ги спречија лицата од власта, вклучително и обвинителката Вилма Рускоска да продефилираат на црвениот килим на Боки 13 во април годинава.
Бојан Јовановски – Боки 13 е првоосомничен во случајот Рекет, случај во кој се поврзува и специјалната обвинителка Катица Јанева, за која јавноста се сомнева дека директно го помагала и поддржувала во уценувањето и изнудувањето на милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.