Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на „27 април“, изјави дека одбраната сама признала дека сите докази им се дадени во пишана форма, освен податоците од мобилните оператори за листата на дојдовни и појдовни повици.
– Лично сметам дека ова е само во насока на одложување на постапката, изјави Русковска по завршувањто на денешното рочиште.
Таа посочи дека одбраната со последните дополнителни поднесоци имаа побарано да им се прифатат по околу 300 сведоци од обвинет, додавајќи оти смета дека Судот не треба да ги прифати, без при тоа да се наруши правото на одбрана
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.