Откако Бојан Јовановски денеска изјави дека има докази против неа, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, повика сите што имаат докази за некаков криминал да поднесат пријава против неа.

Ги охрабрувам сите што имаат нешто да пријават тоа да го сторат и заедно со сите докази што ги поседуваат да ги достават до МВР, вели Рускоска за „360 Степени“.

Денеска во текот на судењето за „Рекет“, Бојан Јовановски праша:

Дали лицето Вилма Рускоска да го пријавам кај обвинителката Вилма Рускоска? Каде да го пријавам лицето Вилма Рускоска за корупција од 4 милиони евра за кои имам несоборливи докази?

Тој тврдеше дека станува збор за криминал вреден четири милиони евра и дека поради тоа бара нејзино изземање од „Рекет“. Јовановски не образложи за што станува збор, и побара совет од судијката Васка Николовска Масевска каде и како да поднесе пријава за тоа. Кажа дека се обратил до обвинителството, но таму го пренасочиле на судот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.