Шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, в среда се враќа од одмор на работа, потврдија од обвинителството за организиран криминал за ТВ Сител.

Од обвинителството велат дека сите инволвирани во случајот „Рекет“ ќе бидат повикани на распит, вклучувајќи ја и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но не откриваат кога тоа точно ќе се случи.

Претходно во медиумите беше соопштено дека обвинителката од СЈО Лиле Стефанова пак која е надлежна за случајот „Империја“ во вторник во ОЈО ќе го даде исказот пред обвинителот што ја заменува Рускоска додека е на одмор.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.