Очекувани се пресудите иако ќе има жалби. Да видиме што ќе каже Апелација, изјави Јавната обвинителка Вилма Рускоска по денешната пресуда.

Дали задоволив очекувањата на јавноста треба да каже јавноста. За парите сметам дека најголемиот дел завршиле кај Боки 13 и Катица Јанева и во телевизијата, објасни Рускоска.

Судот на првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 денеска му изрече казна затвор од девет години, а на второобвинетата Катица Јанева затворска казна од седум години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.