Обвинителката Вилма Русковска вели дека не е изненадена од денешното сведочење на премиерот Зорна Заев, но оти нема да го повлече обвинението за настаните од 27 април. Таа се надева дека судот ќе ги цени материјалните докази претставени од обвинителството и од обвинетите и дека ќе ја донесе вистинската одлука.
Тој беше повикан како сведок, а не како вешто лице за да дава свое мислење, рече обвинителката за сведоштвото на Заев.
Според Русковска, обвинетите не се мали деца за да можат да бидат изманипулирани за собраниските настани, како што посочи сведокот Заев.
За време на сведочењето Заев рече дека сака да даде свое мислење за случувањата на 27 април и дека не мисли дека главни осмилувачи и организатори се обвинетите Миле Јанакиевски, Спире Ристовски, Трајко Вељановски и останатите, туку дека според негови сознанија овие луѓе се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски.
Судењето за настаните во Собранието од 27 април 2017 година се одложува за 2 декември, откако според протоколите, на обвинетиот Спиро Ристовски не му е дозволен влез во судската зграда поради покачена телесна температура.
Ристовски, присуствуваше на првиот дел од рочиштето, кога сведочеше премиерот Зоран Заев, но по паузата му била измерена повисока температура и не му било дозволено да влезе за вториот дел, кога требаше да сведочи пратеникот Африм Гаши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.