Обвинителката Вилма Рускоска вели дека да не беа отворени вратите на Сорбанието, „крвавиот четврток“ немало да се случи.

На распит во предистрагата за првиот предмет беа повикани двајца од сега осомничените, така што не сметам дека  што било со тој распит и да бил извршен тогаш би се добило. Од тие причини сметам дека не е пропуст на обвинителот што не бил викант на распит. Сметам дека доколку не беа отворени вратите, немаше да се случи крвавиот настан, вели Рускоска.

Според неа исто така Законот за амнестија, кој беше донесен за дел од обвинетите за 27 април, не би требало да биде пречка во постапката која се води против организаторите на упадот.

Во Законот за амнестија не е амнестирано кривично дело, туку поединечни дејствија. Таму стриктно е наведено дека Законот за амнестија не важи за организатори, вели Рускоска.

Според истрагата Никола Груевски како тогашен претседател на политичка партија преку медиум ги повикал граѓаните на протест заедно со другите обвинети и за таа цел ја ставил во функција целата партија. Во тоа му помагале уште двајца осомничени, ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.

Доказите кои ги имаат за Груевски ќе се достават до судот за да се прошири барањето за екстрадиција.

На заедничкиот прес Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески и обивнителката Вилма Рускоска, соопштија дека Никола Груевски, Трајко Велјановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Никола Бошковски и ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Рускоска рече дека ќе биде побарана екстрадиција на Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, и на Никола Бошковски, кој се наоѓа во бегство во Грција. Таа очекува Грција да го екстрадира Никола Бошковски, образложувајќи дека тој доби азил таму како обвинет од СЈО за прислушувањето, а објаснувањето на грчките органи беше дека тој веќе за тоа бил помилуван од претседстелот Ѓорге Иванов. Но, за ова дело тој не е помилуван.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.