Обвинителката и шефица на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска се пожали дека Интерпол ја саботира, односно дека повеќе од 2 месеци, без никакво објаснување, не сака да ги објави меѓународните потерници за Никола Бошковски и Никола Груевски.

Таа рече дека не ѝ се познати причините зошто седиштето на Интерпол не ги објавува потерниците. Рече дека добила документација од Албанија во истрагата за бегството на Никола Груевски.

Седиштето на Интерпол одбива да ја објави потерницата, а не даваат образложение, рече Русковска.

“За пет лица кои беа обвинсти во претходниот предмет, без проблем потерниците беа објавени, а се работи за исто кривично дело”, кажа обвинителката пред новинарите.

Инаку таа потсети дека кон крајот на овој месец ќе поднесе обвинение и за организаторите на 27 април.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.