Околу четири часа траеше распитот на Катица Јанева, по што обвинителката Вилма Русковка по излегувањето од Кривичниот суд изјави дека сметале оти во овој момент е неопходно да се одреди мерка притвор 30 дена. Според Рускоска, нејзината колешка претхдно не била осомничена во случајот „Рекет“, бидејќи немало доволно докази, а вчера не било барано апсење на Јанева, за да ѝ се даде шанса да даде свое видување.

Не сакам оваа истрага да биде реалити шоу, додаде Рускоска.

Најголем дел од доказите во текот на шест месеци се прибрале во текот на предистрагата.  Нагласи дека истрагата е се уште отворена и дека дополнително ќе се види до какви сознанија и докази ќе дојде Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Во Обвинителството биле повикани и бизнисмени кои се поврзувале со истрагата „Рекет“, а дел од нив негирале дека дале пари. Во однос на тоа дали во изминатиот период биле уништени докази, рече дека не ѝ е познато.

Познато е дека дел од компјутерите се бришени. Колку што имам информации тоа се на стручните соработници кои работат во СЈО. Ниту еден комјутер на обвинител не беше форматиран, колку што знам. Еден телефон кој го најдовме во Гевгелија беше форматиран, другите не, рече Русковска.

Обвинителката додаде дека постои судир на интереси поради тоа што Павлески е адвокат на Јанева, а тој е и адвокат на Цветан Панделевски осомничен во „Империја“. Додаде дека на нејзино барање треба да се земе обврската Павлески да ги откаже полномоштвата за другите осомничени во други предмети на СЈО.

Русковска тврди дека немала политички притисоци со цел да спречат истрагата да се прошири кон Катица Јанева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.