По објавувањето на аудио снимките денеска , на кои се слуша наводно името на адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова која важи за многу блиска до Зоран Заев како бара 6 милиони евра за да бизнисмен биде пуштен на слобода, обвинителката Вилма Рускоска за тв 24 изјави дека знаела за снимките.
Таа потврди дека овој разговор е исечен од аудио снимка која потекнува од доказите во „Рекет“, која обвинителството ја добило од Зоран Милески Кичеец. Русковска демантира дека на снимката се слушаат имињата Вице и Зоран Заев во контекст поврзан со пари.
Потврди дека оваа снимка е исечена од разговор кој трае 57 минути и е пуштен во судница на рочиште кое беше затворено за јавноста. Не знае од каде и за која цел протекол овој разговор, вели дека станува збор за разговор меѓу Димишков и Зоран Милески, а на другите разговори е и Ана Камчева, сопруга на осомничениот Орце Камчев.
По објавувањето на снимките и изјавата на обвинителката Рускоска, во јавноста се поставуваат неколку прашања, односно доколку Рускоска знаела за шесте милиони евра, колку што се слуша од денешните објавени аудио снимки, зошто не постапила за во иднина да не одговара, а и не повикала и други лица, се со цел вистината во целост да излезе на виделина. Или пак намерно го заташкала овој случај за од него да не излезат Зоран и Вице Заев.
Во денешните аудио материјали кој што беа објавени се слуша глас како бара 6 милиони евра за бизнисмен да биде пуштен на слобода.
Откако на социјалните мрежи беше објавено аудио во кое, како што е наведено, се слуша гласот на адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова која важи за многу блиска до Зоран Заев, како бара 6 милиони евра за бизнисмен да биде пуштен на слобода, објавена е и нова „бомба“. Овојпат се зборува за рекет на двајца осомничени во случајот „Империја“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.