Руските пранкери Вован и Лексус, познати по тоа што го насамарија Заев да мисли дека зборува со украинскиот премиер Петро Порошенко и активистката Грета Тунберг, ја прославија најавената оставка на Заев со фотографија од скопскиот плоштад.
Вива Македонија – напиша Алексеј Столјаров – Лексус, на својот Фексбук профил.
На фотографијата се гледаат Вован и Лексус под споменикот на Александар Македонски на плоштадот Македонија.
Не е извесно кога Вован и Лексус ја посетиле Македонија, каде што практично станаа добри пријатели со Зоран Заев, откако го излажаа дека зборува со Порошенко. Вован и Лексус објавија долги разговори со Заев, во кои тој се согласува да изврши кривично дело – да уплати мито на сметката на патријархот Вартоломеј во замена за признавање на македонската црква, а подоцна, во разговор со „Грета Тунберг“, се согласи да затвори еден од двата меѓународни аеродроми во земјава.
Заев подоцна почнал редовно да комуницира со Вован и Лексус, мислејќи дека се допишува со Порошенко, откривајќи безбедносно интересни детали за состојбата на Балканот.
Владимир Краснов и Алексеј Столјаров се познати по нивните бројни лажни интервјуа со светски лидери и познати личности како Елтон Џон, Џон Мекејн, Јенс Столтенберг, Михаил Горбачов и Берни Сандерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.