Знаеш како битолчани го викаат возот што патува до Битола?
Не, како?
Датумот.
Зошто датумот?
Па, не стига бе, брат!
Во новата година посакувам сите два воза што го крстосуваат блескавиот и моќен Нордистан, да стигаат навреме. Или барем со половина ден задоцнување. НАТО-членка сме или заостаната транссибирска железница? Тоа што таму возовите се патувачки хотели што стигаат навреме, а практично возат преку половина планета, сигурно е руска пропаганда. Мора да се тоа Потемкинови села, оти Русија не е НАТО и не може да блеска. А кога веќе ја споменав Русија, нели таму се во паничен страв, оти Нордистан кажа дека е спремен да тргне заедно со Алијансата на источниот фронт? Нели е малку глупо, Русите во паника пред моќниот Нордистан, а ваму еден воз патува цел ден од Скопје до Битола? Добро сега, знам јас дека ова со возот е врвен воен маневар. Ги местиме Русите да се опуштат мислејќи дека сме катастрофа. Ма, овие сигурно ќе задоцнат со нападот, така ќе си речат. И ќе се фатат за вотка. Е, тогаш ние напаѓаме и ждрагадау рапарапу, блицкрик, фиуууууууу… бабабау.
Во новата година посакувам војската да добие моќна обука преку воени маневри на Криволак, каде што војниците ќе бидат распоредени во формација седи-читај-мисли или тактика позната како „фул метал џекет Достоевски“. И така едно недела дена да маневрираат, копаат ровови и газат преку мински полиња меѓу редовите на генерал Фјодор Михајлович за да научат дека историјата оставила записи од подземјето каде што се споменуваат некои бедни луѓе опседнати од демони, кои почнале да се однесуваат како идиоти, па тргнале на Русија, ама за секое злосторство си добиле и казна, по што свиткале опаши и понижени и навредени се вратиле во своите мртви домови.
Во новата година исто така посакувам сите пожарни да добијат телефони. Не дека Нордистан има проблем да се справи со пожари. Сме изгасиле ние едно чудо огнови. Ете, го изгаснавме пламенот на македонизмот. Тоа зло што одбиваше да ни ги плати сметките. Затоа и го изгасивме, прав и пепел го сторивме. Ама затоа сега, кога го имплементиравме европските вредности, тие ни ги плаќаат сметките.
Целата колумна на Александар Русјаков на Нова Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.