Претседателот на Бугарија, Румен Радев, порача дека треба да има политичко решение за надминување на историските прашања кои се тема на разговор на македонско-бугарската комисија.
Радев во изјава за „БГНЕС“ вели дека луѓето од бугарско-македонската комисија биле професионалци и дека тие, како и досега, ќе ја барале и бранеле, историската вистина и бугарскиот национален интерес.
Мојата порака до нив е дека политичарите не можат да абдицираат од овој важен процес за Бугарија и Македонија и ЕУ. Крајно време е да се најде политичко решение што ќе ги потврди сите принципи на почитување на историјата и добрососедството и почитување на нашиот идентитет и јазик – вели Радев.
Во однос на ваквиот став, бугарскиот претседател вели дека тоа било одговорност на земјата-кандидат за членство во ЕУ.
Секогаш има простор за компромиси, но тие не можат да се направат со историја, идентитет и јазик или со барање за националните малцинства – рече Радев.
Ваквата порака на Радев доаѓа на вториот ден расправа на македонските и бугарските историчари во рамки на десеттата средба на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија.
Комисијата заседава по пауза од речиси една година, а причина за тоа била пандемијата со Ковид-19, но и изборите кои се одржаа кај нас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.