Актерот Рубенс Муратовски не остана нем на вчерашната одлука на Владата придавката „македонска“ да се замени со „национална“ во името на 136 државни институции.

„Дали сега Националист значи Македонец?“, прашува Муратовски на својот профил на Твитер.

За истата тема уште два твита од него:

„Според имињата на националните институции еден заклучок е неизбежен. Националност = националец?“.

„Тој : Национална филхармонија.

Јас : А на која нација?

Тој : А бе ти не сакаш криминалците од ВМРО да лежат затвор?

Јас : ммакхкцкрквџдттрффгкѕкгкдкгхг да ти хгфффгвффтхдсљдгфње!“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.