Поддршка за членството на Македонија и Албанија во ЕУ изрази денеска германскиот државен министер за европски прашања Михаел Рот по средбата во Атина со алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милитијадис Варвициотис, јави дописничката на МИА од Атина.
Двајцата го поддржуваме патот на Албанија и Македонија кон членство во ЕУ, што ќе ја направи Европската Унија и поголема и посилна, рече Рот по средбата со Варвициотис.
Германскиот министер изрази поддршка и за дијалогот на Грција со Турција, но и истакна дека се потребни „конструктивни и взаемно корисни односи меѓу ЕУ и Турција“. Варвициотис и Рот, се задржаа и на европскиот дигитален Ковид сертификат за кој рекоа дека е алатка за безбедно патување во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.