Германскиот министер за Европа Михаел Рот утрово го оцени како тешка политичка грешка запирањето на напредокот на Македонија кон ЕУ. Тој вели дека Бугарија е осамена во блокадата, пишува „Дојче веле“.
И покрај неуспехот, Рот рече дека денеска на дневен ред повторно ќе ја стави темата за проширувањето на ЕУ.
Ќе разговараме за проширувањето на ЕУ. За жал, досега не успеавме да го исполниме напредокот за кој самите веќе се усогласивме. Во позадина стојат билатералните барања на една земја-членка кон која другите 26 не можеа да се приклучат, рече Рот.
Целиот текст на Дојче Веле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.