Михаел Рот, германскиот министер за Европа, кој претседаваше со денешниот министерски состанок на ЕУ, рече дека сите земји членки на ЕУ, освен Бугарија, во денешната дискусија ја поддржале преговарачката рамка за Македонија. Тој посочи дека се надева на компромис во наредните денови или седмици.
Рот изрази надеж дека се уште има простор за пробив во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, за првата меѓувладина конференција да може да се одржи до крајот на годинава, односно додека Германија претседава со Советот на ЕУ.
Германскиот државен министер за Европа рече дека Македонија и Албанија направиле многу во процесот на евроинтеграција.
Треба да се испрати јасен сигнал кон Западен Балкан. Македонија и Албанија направија многу и постигнаа многу, но тоа е долг пат кој почнува со преговори, рече Рот.
Тој рече дека Германија во овој период се обиде да ги приближи позициите на Бугарија и на Македонија и дека досега не успеа во тоа, ама дека ќе продолжи да дава поддршка и во наредниот период.
Бугарија ја поддржа преговарачката рамка за Албанија – за Македонија не се исполнети бугарските услови, изјави Захариева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.