МАКЕДОНИЈА НА 5 ЈАНУАРИ 2019

Во поразот што го доживуваме нема невини Македонци, а кој колку е виновен, нема никакво значење – напиша на својот Фејсбук профил, професорот Горазд Росоколија.

Понатаму во постот пишува:

Можеме да анализираме други, можеме да се самоанализираме, но факт е дека ние ја загубивме македонската држава и административно не бришат од постоење како нација, со наше (со)учество во тоа.

Некои не беа во состојба да предвидат, на други македонската држава и македонската нација не им значеа и не им значат ништо.

Против рудниците на смртта се бореа тие кои живеат таму и никој друг. Против криминалот тие што не учествуваа во него и што немаа шанса да учествуваат. Мајките очајни домаќинки не ги интересирал колективниот имунитет и колективното здравје. Вас таму не ве интересираше што мислиме и што знаеме ние тука. Омразениот Никола да заврши во затвор ни беше поважно од тоа ние да сме слободни.

Македонците заборавија дека достоинство, чесност, живот во духовна и материјална благосостојба не се празни зборови туку стремеж на поединецот и на народот.

Ако ова сега не чини, тоа што за Македонија и за Македонците доаѓа утре, ќе биде десет пати полошо. Економски, духовно, интелектуално.

Но, ние не веруваме дека ќе биде така. Секој од нас верува дека тој ќе успее да му е подобро отколку на другите.

Многу среќа на тој пат!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.