Агенцијата Ројтерс повикувајќи се на свои извори пишува дека во последниот нацрт заклучок се носи едногласна одлука за почеток на преговорите за членство со Скопје и Тирана, јавува дописничката на МИА од Брисел.
ЕУ ќе започне пристапни преговори со Албанија и Македонија, според нацрт едногласна одлука на 27-те земји членки и треба да биде финализирана оваа недела, пишува Ројтерс.
Како што јави МИА минатата недела, последниот состанок на амбасадорско ниво донело позитивни резултати, но остануваше еден нерешен спор помеѓу Грција и Албанија. Дипломатите во Брисел се оптимисти дека овој спор може да се надмине и дека во текот на оваа недела ќе може да се донесе позитивна одлука, иако никој не сака да брза со заклучоци сѐ додека не е официјализирана одлуката.
Остануваат и процедурални непознати како форматот на состанокот на министрите за надворешни работи утре во Брисел и процесот на одобрување на одлуката, без физичко присуство на министрите, доколку, се разбира таа одлука биде позитивна.
Одлуката треба да биде политички потврдена на Европскиот Совет в четврток.
Нацрт заклучокот предвидува првата Меѓувладина конференција да се одржи “што е можно поскоро”, без конкретен датум засега.
Советот нотира дека Европската Комисија ќе ја започне веднаш подготвителната работа, што подразбира поставување на преговарачка рамка.
Албанија, од своја страна, има сличен заклучок, но со неколку услови повеќе за одржувањето на првата Меѓувладина конференција.
Министрите утре најверојатно ќе одржат видеоконференција поради пандемијата на Ковид-19, процедурално тоа може да го забави конечното носење на одлуката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.