Два дена нема ниту збор за прославите на СДСМ во Штип, а според фотографиите кои што се шират на социјалните мрежи, станува се појасно и зошто е овој молк, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
На првата фотографија, до Сашко Николов и Костадин Костадинов, се и Наум Барзов, инаку роднина на Сашко Николов, а на пошироката јавност познат како газда на штипска фабрика, која што на работниците им исплати плата од само два денари во време на корона кризата!
Дали можеби сега се радува на оваа маса затоа што ќе си го спаси бизнисот, со добиениот мандат на Сашко Николов?
Со нив е и Мишко Николов, партиски финансиер и сопственик на ресторанот каде што се организира банкетот за прослава на СДСМ вон пропишаното работно време, открива Стоилковски.
Стоилковски прашува и дали е точно тоа што во Штип се говори за Николов дека е главен партнер на оној добитник на огромни тендери во здравството со меил адреса „Жути ет Јаху“?
Следната фотографија го открива друштвото на истата маса со Николов и Костадинов.
На оваа фотографија е Здравко Коцев, познат како неуспешен политичар во Штип, на два пати поразен кандидат за градоначалник од СДСМ. Коцев сега е на платен список како инспектор во МВР. Значи, инспектор кој е присутен во кафеана која што работи вон пропишаното работно време за време на епидемијата корона!
Со него на фотографијата е Сафет Али, сега шеф на паркинзи во Штип. Али е познат како човекот кој што ја згрози јавноста кога среде кампањата во 2017 година организираше погреб, опело за тогашниот градоначалник Илчо Захариев, а целата церемонија самиот ја нарече и ја водеше како „Али не се шали“!, открива Стоилковски.
Тој порача дека Николов, Костадинов, но и инспекторот Коцев треба да одговорат, дали и Али како и другите двајца на фотографијата, се испорачувачи на нелегални финансирања и позајмици, но и за други делувања од криминалното подземје на Штип? И дали сите нив заедно, сите четворица во Штип се познати како „Шерифите“?
Епа вака СДСМ ја прослави победата на избори на кои што сами учествуваа. Со полициски инспектори и луѓе со сомнително делување.
Сега треба да одговорат дали и колку овие луѓе биле вклучени во корона изборите во Штип.
Истовремено, здравствените, но и другите власти кои треба да одржат редот во вонредните околности за време на епидемијата, треба да одговорат зошто не реагираа и зошто се уште не реагираат.
Дали присуството на политичари, бизнисмени, инспектори и луѓе од подземјето ја спречија полициската специјална акција предводена од Мери Проја Продановска и токму заради истите нив изостана и онаа медиумска хистерија за недозволени прослави среде корона?, рече Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.