Бараат од родителите изјава дали се за физичко присуство на учениците во училница или онлајн настава, иако нема официјален допис како практично ќе функционираат двата модели. Дел од училиштата веќе испратиле анкети во семејствата каде има ученици од прво до трето одделение и согласно нивниот одговор ќе го организираат воспитно образовниот процес.
Мајки и татковци се во дилема и голема неизвеснот која опција да ја изберат. Ако детето им следи настава од училиште пред да одлучат бараат да знаат како ќе функционира наставата, колку ученици ќе има во училница, дали на почеток часовите ќе бидат на отворено и обратно..како би изгледало учењето од дома за ученици од 6 и 7 години, како ќе учат и ќе може ли наставникот да го задржи нивното внимание пред комјутер.
Од Министерството за образование и наука, „Сител“ денеска не доби одговор до кога треба да донесат одлука родителите и што после тоа. Она што е сигурно е дека учебната година ќе биде пролонгирана, а епидемиологот Александар Стојанов од Комисијата за заразни болести вели дека барале најсигурно решение што ќе ги задовли и образовниот процес но и здравствениот.
Целата сторија на „Сител“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.