Родителите и старателите на учениците и во новата учебна 2021-2022 година преку електронскиот дневник ќе добиваат неделни извештаи за активностите на нивните деца на училиште. Извештаите ќе можат да ги прегледуваат со едноставно најавување во системот, за што е изработено соодветно упатство кое може да може да се погледне на следниот линк , соопшти Министерството за образование и наука.

Неделните извештаи содржат информации за наставните содржини кои се реализираат, како и за активностите, оценките и поведението на учениците за време на престојот во училиште.

Од МОН информираат дека дополнително, родителите и старателите на неделна основа ќе добиваат и СМС пораки на нивните мобилни уреди, согласно наведените телефонски броеви во електронскиот дневник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.