Сторијата на Ј. Веапоска од Дебар е случај кој ги отсликува состојбите во македонското јавно здравство: корупција, нестручност, немање државна контрола врз лекарите и здравствените процеси и, на крај, непоправливи последици за пациентите. Органите за контрола на здравствените процеси и кадар не преземаат ништо за анализа на појавите и евентуални санкции, објавува „Вечер“.
Жената била бремена со второ дете и бременоста ја следела кај докторот, гинеколог Мухамед Асани во негова приватна ординација во Струга, која се наоѓа во неговата приватна куќа. Едновремено, освен што врши приватна гинеколошка пракса, Мухамед Асани е директор и гинеколог во струшката болница. Пациентите од болницата си ги прегледува дома, и наплаќа. Кон крајот на јуни дошол денот за породување со царски рез. Мајката Ј. Веапоска на повик и во договор со Мухамед Асани на 27.8. 2020 се појавила за породување но, спротивно на нивниот договор, породувањето на нејзината новородена ќерка го извршил неговиот син, Блертон Асани. И, тука почнуваат компликациите, пишува порталот.
По породувањето родилката чувствува големи болки и има крварење кое не запира. И даваат лекови против болки и инсистираат да си оди дома, така ќе и било подобро, па на 31.08.2020 го повикуваат нејзиниот сопруг Гафур Веапоски да дојде да ја земе од болница. Според кажаното на сопругиот од страна на докторот Мухамед Хасани тоа не било ништо страшно, имала проблем со кукот и ногата од мала па од тоа сега се појавиле болките.
Патем, му предложил на сопругот да даде 100 евра за породувањето и по 50 евра за анестезиологот и асистентот, што е изјава на сопругот дадена во претставка и идна тужба.
Болките стануваат уште поголеми и родилката Ј. Веапоска не е во состојба да застане и да си оди дома. Паѓа во криза по што директорот на болницата и нејзин приватен гинеколог Мухамед Асани организира операција која според најавата требало да трае саат време, а траела од 15:00 до 22:30 часот.
По операцијата директрот, др. Мухамед Хасани, го известува сопругот дека родилката имала крварење па морале да и ја извадат матката за да го сопрат но, крварењето продолжило па затоа од неа извадиле и еден бубрег!
По сите операции и медицински зафати Ј. Веапоска се враќа дома без матка и бубрег, а заминала без никакви здравствени проблеми да се породи во Струга, кај директорот и гинекологот во струшката болница кој, во своја приватна ординација дома, претходно цело време ја следел нејзината бременост, пишува „Вечер“.
Целата сторија и документацијата погледнете ги на „Вечер“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.