Не треба само носталгично да се осврнуваме на Рамковниот договор кој беше уникатен пример за крај на еден конфликт. Договорите ги има премногу во историјата, но, она што луѓето вистински го сакаат е работа, добро образование за нивните деца и надеж за иднината. Тоа мора да биде чекор понатаму од Охридскиот договор и тоа е нашата обврска, порача поранешниот генерален секретар на НАТО лорд Џорџ Робертсон во обраќањето на конференцијата по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор.

Светот, Европа и Балканот мислам дека го потценија начинот на кој што Охридскиот договор дава пример, образец за решавање на конфликти. Тој има свои несовршености, мали, не сметаме дека е совршен и се уште ќе има луѓе кои ќе сметаат дека сме им дале премногу или добиле премалку. И двете овие гледишта се на погрешната страна од историјата. Консензусот, компромисот и рамнотежата, толеранцијата можеби не се модерни во свет кој е склон кон авторитарен модел, но тие се темелот на просперитетни, задоволни и мирни демократии кои повеќето луѓе ги сакаат и многумина копнеат по нив, рече Робертсон кој учествуваше во креирањето на Рамковниот договор.

Тој посочи и на членството во НАТО, кое и овозможува, вели, безбедна иднина на земјата, но и на подготвеноста за членство во ЕУ.

Пред 20 години кога ПЈРМ, така тогаш се викаше вашата земја, храбри и талентирани Македонците својата иднина ја гледа надвор од границите на својата земја, членството во НАТО беше само далечен сон. Сега ПЈРМ веќе не постои на светската мапи, а Македонија може да гледа безбедна иднина, како во странство така и дома. НАТО сега е реалност, а знамето на Република Македонија гордо се вее на зградата на НАТО во Брисел, тоа и треба да биде реалност за вашето членство во ЕУ. Подготвени сте, ја направивте тешката работа. ЕУ има потреба од вас и само на тој начин може да се консолидира напредокот што беше постигнат во овие две децении, рече поранешниот генерален секретар на Алијансата.

Тој упати и апел до Бугарија да ја крене блокадата на евроинтегративниот пат на земјава.

Кога Бугарија бараше членство во ЕУ и НАТО тие имаа добри пријатели во мене и во штабот на НАТО. Бугарија како сосед имаше огромна приодобивка од овој Охридски договор. Доколку конфликтот продолжеше на традиционален начин како што завршува на Балканот, Бугарија ќе ги почувствуваше тие бранови и се уште ќе ги чувствуваше до денес. Денешната ЕУ е составена од земји кои со години и векови биле непријателски настроени. Но, триумф на нашето доба е што овие непријатели денес седат заедно во оваа неверојатна унија на слободни и интегрирани земји. Македонија заслужува да биде таму и се надевам дека Бугарија ќе ги слушне едногласните барања од нивните пријатели и ќе ја крене блокадата за Македонија, апелираше Робертсон, кој укажа дека и натаму е посветен да дава поддршка на земјава како дел од Охридската група за просперитетна иднина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.