Анализирајќи ги официјалните резултати на изборите во Штип се забележува дека малку фалеше изборот на Сашко Николов да пропадне.
За кандидатот на СДСМ Сашко Николов гласаа само 11, 668 Штипјани но тоа немаше да биде доволно доколку другите кандидати но пред се Симон Поликарп од партијата Интегра на Љупчо Ристовски не му го направија потребниот цензус.
Со измените на Изборниот закон изборот за градоначалник се сметаат за успешни ако на нив излегле третина од запишаните гласачи.
Во случајот во Штип, запишани се 41,777 гласачи, а на гласање излегоа 14, 528 гласачи.Математички прецизно тоа е точно една третина, односно колку што беше минимумот излезност.
Доколку кандидатот на Интегра, популарниот Џими, не излезеше изброрите ќе пропаднеа и целата постапка ќе мораше да биде повторена.
Поккрај Поликарп, на изборите во Штип учествуваа уште тројца кандидати кои вкупно освоија помалку од 1.000 гласа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.