Спиро Ристовски вели дека сведокот на Обвинителството Александар Василевски Нинџа ги прилагодува своите искази според потребите на Обвинителството и оти не може да му се верува.

Тој потести дека Нинџа дал различни изјави за тоа кога се случила нивната наводна средба, но оти е јасно оти немало никава средба.

Ниту сум му се јавил да дојде во штабот на ВМРО бидејќи Нинџа воопшто не беше таму, а тоа се докажа и од извештајот на вештакот Мирослав Котевски – вели Ристовски.

Тој додаде дека телефоните на Нинџа биле вкучени цело време и оти сведокот не бил во седиштето на партијата, а уште помалку дека го видел на осмиот кат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.