Обвинителството нема никаков доказ за некаков план за 27 април бидејќи немаше план, наглсаси во завршните зборови за собраниските случувања Спиро Ристовски.

Со Никола Бошковски и Владимир Атанасовски никогаш немав комуникација. Со Никола Груевски имав само службена комуникација но по последен пат на 22 април. Со Трајко Вељаноски имав комуникација, но за сосема друга работа, за инспекција во Штуловиот универзитет – објасни Ристовски.

Тој додава дека тие не се организатори докажале и сведочењата на Иванов и Заев, кои имаат пристап до сите служби и информации.

Неспорно е дека докажав оти не го сторив делото за кое се товарам – додаде Ристовски.

За да се зајакне лагата надополнета е со изјава на омилениот сведок на Обвинителството Нинџа, вели Ристовски.

Сведокот дава три различни изјави кога ме видел пред зградата на ВМРО со Диме Спасов. Тоа е лага бидејќи двајца сведоци потврдија дека биле со Спасов во кафуле на плоштадот. Не сум учествувал во никаков план ако се знае дека јас немав комуникација со овие луѓе. Груевски немаше доверба во мене и не ме вклучи никогаш во партиските тела, а со Вељаноски, како што реков, имавме службена комуникација – објасни Ристовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.