Мала бара, а пуно крокодила – ова е коментарот на аналитичарот Александар Пандов на фотографијата од сега веќе поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев и претседателот на македонската конзервативна партија, Интегра, Љупчо Ристевски. Што е темата поради која Дончев и Ристовски се сретнале? Што ги поврзува овие политички личности? Политиката, бизнисот или…
Дончев неодамна си поднесе оставка од функцијата директор на Фондот за здравство по што во јавноста се обелодени аферата поврзана со него. Управата за финансиско разузнавање, по барање на Обвинителството за организиран криминал, утврдила дека Дончев во 2018 година добил 3 милиони денари или околу 50.000 евра од македонската компанија регистрирана за интернет-портали со седиште во Муртино „Ремаркет“, чии приливи пак доаѓале исклучиво од австралиската „Мегантик“.
Дончев давал услуги од областа на маркетингот и подобрување на бизнис процесите на македонската фирма „Ремаркет“ со седиште во село Муртино која го продавала мислењето на австралиската „Мегантик“ со што Дончев се стекнал со 6 месечни плати или вкупно 50 илјада евра, велат за неделникот Фокус од „Ремаркет“.
Името на Дончев се поврзуваше со аферата наречена „Рекет“ 2 во која сопственичката на „Диамед“ го обвини дека се обидел да спречи странска инвестиција да влезе во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.